Малик Обама, братот на американскиот претседател Барак Обама најави дека ќе се кандидира за претседател на Кенија, доколку победи на локалните избори закажани за во март.
Малик Обама, кој беше кум на венчавањето на американскиот претседател рече дека достигнувањата на неговиот полубрат го навела и него, како независен кандидат да излезе на претстојните локални избори.
Според него, доколку биде успешен на локалните, тогаш ќе се кандидира на наредните општи избори, закажани за 2018 година.
Малик и Барак имаат ист татко, но не и мајки. Прв пат се сретнале во 1985 година и тогаш се блиски.