Фатен силувачот на 16 год девојче од Скопје – го нашле преку ДНК


43 годишен скопјанец е осомничен за силувањето на 16 годишно девојче што се случи кон крајот на минатиот месец зад ТЦ „Олимпико”.

силувањеКако што соопшти полицијата, кривична пријава за силување е поднесена против С.К., кој за време на распитот во полиција го признал и опишал делото.

Настанот се случил на 20 декември минатата година, кога С.К. од зад грб и пришол на малолетничката, а потоа удирајќи ја по главата и држејќи и ја устата затворена со раката, го извршил силувањето.

По извршеното кривично дело пријавениот и го одземал мобилниот телефон на малолетничката и заминал оставајќи ја оштетената. Веднаш по ова, откако малолетничката пристигнала дома случајот е пријавен во полиција од страна на нејзиниот татко.

На вештачење е даден соодветен ДНА профил од НН машко лице кој е предаден во Одделението за криминалистичка техника при МВР на РМ за споредба со базата на профили – податоци.

Инаку пријавениот С.К. во крим-евиденциите на СВР Скопје минува за сторени повеќе кривични дела – “тешка кражба“ и “кражба“.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1