Военото обвинителство во Грузија објави видео снимка до која дошле за време на истрагата на криминалната мрежа која уценувала јавни личности. Тие снимале познати мажи со хомосексуалци и потоа ги уценувале.
Криминалната група ја водел поранешниот шеф на воената полиција Мегис Кардава. Задачата на геј агентите била да ги заведат познатите мажи, потоа тајно да ги снимаат и да ги уценуваат. Со тајните и нелегални снимки потоа ги уценувале јавните личности кои припаѓаат на геј популацијата и од нив барале лојалност на режимот или пари.