Основачот на највлијателната компанија во светот Mајкрософт, Бил Гејтс, објави дека своето богатство ќе го подели на сиромашните, бидејќи парите не му значеле ништо.
Еден од најбогатите луѓе во светот чии богатсtво се проценува на 65 милијарди долари во интервју за британски Tелеграф вели дека има доволно пари за облека и за чевли, и за да ги обезбеди своите деца, така што 95 проценти од своето богатство, во следните неколку години, ќе го донира во здруженија кои се грижат за сиромашните.
Тој и неговата сопруга досега преку нивната хуманитарна организација донирале над 28 милијарди долари. Инаку она што го поседува Гејтс може да се спореди со два пати од вредноста на Кенија, три пати од Тринидад и десет пати повеќе од она што вреди една Црна Гора.
Kanal5