Чорбата од Охрид го собори Гинисовиот рекорд


Нов Гинисов рекорд – Охрид се запиша во книгата на рекорди со приготвените 3,3 тона рибна чорба.

ohrid corba– Гинисовиот рекорд е соборен, досегашниот рекорд изнесуваше 3.025 литри рибна чорба, а ние веќе имаме 3.300 литри. Чорбата е готова, се е регистрирано со видео-запис и сето ќе заверено на нотар. Спроведени се инструкциите од Гинис, така што очекуваме ништо друго освен потврда на соборениот рекорд, рече Љубен Арнаудов, претседател на Здружението за целосна афирмација на МПЦ „Богојавление“ што е организатор на световниот дел од празнувањето на Богојавление – Водици во Охрид.

За подготовка на чорбата за Гинис беа употребени 500 килограми лосос, 200 килограми ослиќ и 150 килограми калифорниска пастрмка, како и 140 килограми морков, 50 килограми целер, 20 килограми пашканат, 110 литри масло, 100 килограми брашно за запршката, 200 врзалки магдонос и 20 килограми зачин и сол.

Блаже Јорданоски, професор по готварство од „Ванчо Питошески“, инаку главниот готвач што ја подготви рибната чорба, рече дека подготовките за приготвувањето на рибната чорба започнале уште пред еден месец, за самото приготвување да почне од петокот, со чистењето на рибата и зеленчукот. Сето тоа финализира со 11 илјади порции рибна чорба, сварена на дрво, за што се потрошени четири метри кубни дрво.

Денешен Весник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1