Откажани летови во Франкфурт, Минхен и Берлин


На најфреквентниот германски аеродром во Франкфурт, денеска поради снегот откажани се околу 200 летови, а патниците мораат да бидат подготвени на чекање и откажување на летови, јавија денеска германските медиуми.


sneg aerordomОсвен во Франкфурт, постојат проблеми и на аеродромите во Минхен и Берлин, како и нешто помали задоцнувања во Лајпциг.
Само во Франкфурт денеска домашниот авио-превозник „Луфтханза“ откажа околу 140 летови на внатрешните и дестинанциите ширум светот.
Во Минхен медиумите јавуваат за околу 200 откажани летови и за препораките на „Луфтханза“ дека патниците во домашниот сообраќај сега користат железница.
Авионскиот билет, како што се наведува, може да се користи при железничкиот превоз.
Зимата и снегот во германскиот главен град, Берлин, предизвика откажани летови и доцнење во авиосообраќајот

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1