Телевизијата Еј-Би-Си Њуз го тврди токму тоа. Според нив, станува збор за луѓе кои се тајно здружени и неверојатно успешни благодарение на едно апченце наречено „Provigil“.
Дали филмот „Лимитлес“ во кој просечен писател зема апче со кое наместо 20 користи 100 проценти од мозокот е инспириран од вистина? Дали навистина постојат успешни луѓе кои со помош на едно прилично скапо апче успеваат животот да си го направат идеален?
Телевизијата Еј-Би-Си Њуз го тврди токму тоа. Според нив, станува збор за луѓе кои се тајно здружени и неверојатно успешни благодарение на едно апченце наречено „Provigil“.
Џон Витерс, компјутерски програмер, тврди дека може да работи и да програмира континуирано 12 часа.
“Ова апче ви помага да се фокусира и тоа исклучително долг период”, изјавил Витерс.
„Provigil“ е лек одобрен само за оние кои имаат наколепсија или за луѓе кои работат кога треба да се спие. Но, меѓу оние кои треба да го земаат се наоѓаат и голем број Американци кои го земаат во текот на денот за да ја подигнат енергијата и да си го засилат фокусирањето на работата. Ова апче толку го поттикнува умот што прекарот на „Provigil“ е „Вијагра за мозокот“.
Продажбата на овој лек за четири години е порасната за 73 проценти. Иако голем дел од корисниците на „Provigil“ не сакаат да говорат јавно, тоа не е случај со Дејв Аспреј, успешен директор на една фирма вредна милијарда долари. Неговиот ден започнува во 4:45 со едно апче „Provigil“ како дневна доза.
Тој тврди дека еднаш летал 20 часа оа Америка во Австралија без да заспие, се симнал од авион, земал едно апче и продолжил со серија состаноци и говори кои биле толку добри што за нив се пишувало и на насловните страници на весниците.
Кога од Еј-Би-Си Њуз го прашале како се чувстува кога ќе престане да го зема апчето три дена, тој изјавил дека неговиот говор е многу малку променет и дека му требале околу 17 минути за да се прибере и дека ова апче воопшто не влијаело негативно дури и ако воопшто не го пие.
Сепак, лекарите предупредуваат дека со ова апче никогаш не сте на сигурно бидејќи ефектите на овој лек врз здрав мозок никогаш не биле дел од тестирањето.
„Provigil“ не е замена за спиење. Лишување од сон може да предизвика влошување и срцево заболување, дијабетес и висок крвен притисок“, вели д-р Џоан Гетси, шеф на медицина во Универзитетскиот колеџ Дрексел во Филаделфија.
„Ова апче е многу примамливо, но мислам дека долгорочно тоа е лоша идеја, ние всушност не знаеме многу за долгорочни ефекти“, вели д-р Марта Фарах, когнитивен невролог на Универзитетот во Пенсилванија.
Иако зачудувачки, Аспреј изјавил дека дури и ако земањето на ова апче значи дека ќе му се скрати животот, тој тврди дека сепак би го земал.
“Би сакал да сум целосно фокусиран и подготвен за сите предизвици кои ми ги носи работата континуирано, а ова апче ми помага во мојата цел“ тврди Аспреј.