За прв пат во Македонија се родија сијамски близнаци. Едното е живо, но другото бебенце било мртво уште во утробата на мајката, пренесува Сител.
Машките близначиња ги породиле на клиниката за Гинекологија, а раздвојувањето траело повеќе од 4 часа на клиниката за Детска хирургија.
,, Двете деца беа споени со долниот дел од грбот, двете газиња и горниот заден дел на двете надколеници, изјави за Сител д-р Ристо Симеонов, директор на клиниката за Детска хирургија.
Едното бебе успешно се опоравува од операцијата, а второто ги немало сите органи и затоа не успеало да преживее.