Го тужи сајтот за запознавање – ја споил со маж кој сакал да ја убие (Видео)


Жена од Невада го тужи сајтот „Match.com“ за 10 милиони долари, поради тоа што истиот и наместил маж кој што се обидел да ја убие откако го откачила. Педесетгодишната Мери Кеј Бекман го запознала Вајд Ридли на сајтот во 2010 година, но откако раскинале, по само осум дена, Ридли ја прободел со месарски нож десет пати и и нанел тешки повреди на главата.

article-0-172529C9000005DC-32_634x386article-0-17252FD9000005DC-901_634x352

Таа поднела тужба против сајтот, наводно поради тоа што компанијата не направила доволно напори за да ги посочи насилницте. Мајката на две деца изјавила дека нападот се случил на 21 јануари 2011 година и посочила дека Ридли имал намера не само да ја повреди туку и да ја убие.

article-2267884-172548CF000005DC-610_634x419Мери која била агент за недвижности во Лас Вегас, била хоспитализирана неколку месеци по нападот. Таа претрпела три операции на главата, а морале да и ја наместат скршената вилица.

Имала среќа што нејзиниот вид на крај останал неоштетен. Ридли откако и нанел тешки повреди, ги украл накитот и електрониката што биле во куќата и избегал со својот автомобил.

Кога полицијата по краток период успеала да го фати, тој им рекол дека сакал да ја убие Мери затоа што го завела, а бил изненаден од тоа што останала жива. Тој извршил самоубиство во 2012 година додека ја отслужувал 70 годишната затворската казна.

И покрај тоа што била благодарна што преживеала, Мери бараа од сопствениците на вебсајтот повеќе одговорност за ваквите можни настани и за тоа да се зема во предвид кој се може да се приклучи и поврзе на истиот сајт.
article-0-17252FE6000005DC-424_306x423Од компанијата се шокирани за грозниот чин и го понудија своето уверување дека тие навистина ги предупредуваат корисниците за ризиците.
„Тоа што и се случило на Мери Кеј Бекман е грозно, но оваа тужба е апсурдна“, стои во нивното соопштение.

Има голем број на луѓе кои што успеале да ја пронајдат својата љубов преку овој сајт, а што се однесува до овој случај се работи за болна искривена индивидуа без претходно криминално досие“, изјавил адвокатот на Мери кој дополнил дека неговиот клиент воопшто не бил безбеден и покрај тоа што корисниците кои плаќаат 30 долари месечно за да ја користат услугата, мислат дека се.
Мери тврди дека сајтот ја навел да размислува дека таа ќе заврши во стабилна љубовна врска со друг, а наместо тоа завршила со човек чија намера не била да ја пронајде љубовта на својот живот, туку да пронајде жртва за да ја силува или убие.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1