Министерството за внатрешни работи и Автомото сојузот на Македонија ја претставија мобилната апликација „е-испити“, пренесува Курир
Станува збор за апликација наменета за за сите идни возачи.
-Нашата цел со воведувањето на новиот начин за полагање на теротетскиот дел за возачкиот испит не е да се намали бројот на положени кандидати, туку објективно да се оценува знаењето. Она што на некој начин беше правило во минатото да се фотокопираат тестови и да се учат прашањата напамет, сега е многу малку веројатно, речиси невозможно со оглед на бројот на комбинации на прашања кои се генерираат од една заедничка база и кои можат да бидат составен дел од испитот што го полага кандидатот, рече Јанкуловска.
– Ако во минатото пред воведување на електронските тестови бројот на положени кандидати се движеше околу 85 проценти, откако се воведоа електронските тестови во првите недели процентот беше околу 30. Сега пак, зависно од испитниот центар процентот се движи до 68 проценти положени, што значи дека просечниот процен на положени испити е некаде околу 50 проценти, што објективно и не е така лош показател, односно покажува дека се зголемил квалитетот на познавање на безбедносните правила и прописи, односно сугерираат дека имаме подобро подготвени возачи во сообраќајот, додаде министерката.