Уапсени се сопственикот на дискотеката, член на бендот и шефот на обезбедувањето откако по пожар во дискотека во Бразил загинаа 233 студенти и млади, сите на возраст од 16 до 20 години.
Полицискиот инспектор Sandro Meinerz ги потврди изјавите на преживеаните дека единствениот излез од диското обезбедувањето го затворило и не пуштло никој да излезе без да проверат дека имаат платена сметка.
Според полицијата обезбедувањето не било свесно за каков пожар станува збор што предизвикало паника и стампедо. Обезбедувањето се наредило пред вратата и неколку минути одбивало да ја отвори се додека не ја сфатиле сериозноста на пожарот.
Студентот Murilo de Toledo Tiecher изјавил дека на крајот толпата морала физички да ги совлада припадниците на обезбедувањето за да ја отоври вратата и луѓето да излезат.
Во Бразил е прогласена три дневна жалост.