Мобилните телефони се едно извонредно парче инжинеринг. Но, погледнете внатре во самите телефони. Во оваа машина има и крв. Има крв во уредот, затоа што вашиот мобилен телефон содржи ситни електронски кола и тие не би можеле да работат без минерали наречени „Coltan“.
Ваквите минерали можат да се пронајдат во источниот дел на Конго. Тука има крв, крвта на жителите на Конго кои умираат во страшен конфликт
Побарувачката на Западот за „Coltan“, која се користи во мобилните телефони и компјутери, е поврзана со убиствата во Конго.
Под надзор на бунтовничките милиции, голем број на деца на возраст од десет години, работат во рудниците по лов на ова црно злато. „Blood Coltan“ ја изложува мрежата на моќни интереси за зашита на оваа трговија со крв.
Моќните воени лидери и понатаму го поробуваат локалното население, а европските бизнисмени продолжваат со увозот на „Coltan“ и им пркосат на ОН.