Истражувањата покажале дека вирусот ХИВ е постар отколку што сме мислеле. Последните направени истражувања покажале дека ХИВ вирусот е постар од неколку милиони години.
Вирусот ХИВ се појавил кај луѓето во 20 век, но, научниците одамна го препознале овој вирус кај мајмуните.
Генетската студија на професорот и научник од Универзитетот во Сиетл, покажала дека вирусот се појавил кај мајмуните пред отприлика пет до16 милиони години.
Истражувањето открило и како имуниот систем на мајмуните и приматите се развива и се бори со вирусот.
Истражувањето се спроведува за да подобро се разбере вирусот од кој боледуваат 34 милиони луѓе на планетата.