Шефот на бугарското подземје застрелан среде суд во Софија


Еден од шефовите на бугарското подземје, познат под прекарот Баретка, беше застрелан додека влегувал во главниот суд во Софија на апелациското рочиште за обвинението дека е лидер на банда која тргува со дрога.

zlatimirЗлатомир Иванов бил погоден со четири куршуми во нозете, во раката и во стомакот додека влегувал во судницата, среде бел, на рочиштето на кое се бара да му се намали затворската казна од осум години, изјави полицијата.

Иванов и неговиот телохранител, кој исто така е ранет, се пренесени во болница, а на Иванов треба да му се изврши операција.

Локалните медиуми пишуваат дека Иванов е поранешен член на специјалните полициски сили познати како „Баретки“. Поради здравствени проблеми, му било дозволено да биде во куќен притвор.

– Местото е многу погодно за пукање. Доколку тој беше во притвор, ќе имаше заштита – изјави премиерот Бојко Борисов.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1