Во кинескиот град Гуангџоу комплекс згради пропаднале во огромна дупка која одеднаш се отворила во земјата. За среќа, немало жртви, бидејќи зградите во моментот биле празни.
Дупката се отворила во близина на градилиште каде што работниците работеле на изградба на станица за метро, па локалните власти веруваат дека тоа било причината за уривањето на зградата.
Првата зграда се срушила во утринските часови, а другите три подоцна.
Дупката е со површина од околу 92 квадратни метри, длабока е околу девет метри и се чини дека се шири.