Казнети 11 производители на чоколади во Германија


Германските власти за заштита на конкуренцијата казнија 11 производители на чоколади со 60 милиони евра поради нелегално здружување во картел и договарање цени, пренесува МИА

Chocolate_620x0Во соопштението на канцеларијата за заштита на конкуренцијата се наведува дека прекршоците се направени во периодот меѓу 2004 и 2008 година, а меѓу казнетите компании се и „Крафт“ и „Нестле“.

Компаниите се обвинети дека се договориле за зголемување на цените на чоколадата кога трошоците за суровините значително се зголемиле во 2007 година.

Во соопштението се додава дека компаниите „едноставно престанале меѓусебно да се натпреваруваат и дека со високите цени ги оптовариле потрошувачите“.

Компанијата „Марс“, според соопштението, ќе избегне плаќање на казната, бидејќи ги предупредила властите за незаконската практика на другите призводители.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1