Пред пет години Пегилејн Бартелс работела како секретарка во Вашингтон, а сега е кралица. Таа била вработена во американската амбасадата во Гана и живеела во мал и скромен стан.
Во 2008 година ја разбудил телефонот во четири часот наутро. Се јавила нејзината роднина од Отуама, мало рибарско село на крајбрежјето на Гана, од каде потекнувало семејството на Пеги.
Роднината не зборувала многу само и рекла ,, честитам роднино ти си нова кралица на Отуама,,
-И реков “Овде е четири часот наутро и многу сум уморна. Остави ме да спијам”, затоа што мислев дека се шегува со мене-изјавила Бартелс.
Но не било шега. Нејзиниот вујко кој бил крал на ова африканското село починал. Собранието на старците, ја запаметиле Пеги од времето кога доаѓала на посета кај вујко и и одлучиле таа да биде нивниот нов владетел.
Бидејќи сфатила дека не станува збор за шега, таа прифатила да биде кралица на седум илјади поданици.
Пеги сеуште работи во амбасадата, 11 месеци е секретарка а 1 месец го минува во Отуама како кралица. Селаните и се поклонуваат на улица, носи одлуки и прима делегации. Таа успеа да му помогне на ова село и да го направи познато во светот.
Собира пари за школарина за сиромашните, донесе компјутери во училиштата, нејзините работодавци од американската амбасада и помогнале да отвори и селска амбуланта, и да се донесе чиста вода за пиење во селото.
Приказната за кралицата Пени, доби и книга, а наскоро и филм.
Книгата ја напишала нејзината пријателка Елеонор Херман, а холивудската ѕвезда Вил Смит ги откупи правата да снима филм.