Во петокот, на возраст од дванаесет години почина кучето кое го придружуваше претседателот Џорџ Буш во Белата куќа.
Барни почина од лимфом и по дванаесет и пол години од животот, неговото тело не можеше да ја победи оваа болест. Барни го чуваше влезот на јужниот тревник во Белата куќа како да е агент на тајната служба. Тој ги водеше граѓаните на Божиќни тури низ Белата куќа, поздравуваше кралици, шефови на држави и премиери. Тој секогаш беше љубезен и никогаш не скокна врз нив.
Барни беше на моја страна, за време на моите осум години во Белата куќа. Никогаш не дискутираше за политика и секогаш беше верен пријател. На мене и на Лора ќе ни недостасува нашиот другар‟ – се вели во соопштението издадено од Џорџ Буш.