Синот на Сталоне се предозирал со апчиња за болки



Синот на познатиот холивудски актер Силвестер Сталоне, Сејџ, кој минатиот петок беше пронајден мртов во својот стан, се претпоставува дека умрел од преголема конзумација на апчиња против болки.

Триесетишест годишниот Сејџ бил пронајден после четири дена од смртта во својот дом, а околу него биле пронајдени расфрлани шишенца со лекови против болка.
Ваквите тези ги потври и мајката на Сејџ, првата сопруга на Сталоне која изјави дека нејзиниот син конзумирал апчиња против болки, откако посетил стоматолог и во еден ист ден извадил пет заби. Од друга страна пак извори блиски до починатиот говорат дека Сејџ паднал во депресија откако се оддалечил од неговиот татко, нешто што го „скршило“ и го довело до смрт.

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1