Информациите за можно намалување на цената на греењто за скопјани ги подгреаа информации во медиумите дека Балкан Енерџи Груп планира да побара надолна корекција и да го продолжи времето на греење до 23 часот.
Ништо од најавите за поевтино парно, бар до крајот на летото. Од Регулаторната комисија за енергетика за Дневник велат дека корекција на цените на парното греење нема да има до август и покрај намалувањето на цената на природниот гас.
Првиот регулатор, Димитар Петров за Дневник изјавил дека одговор на прашањето дали скопјани ќе имаат поефтино греење ќе се знае дури во јули, кога ќе се направат пресметките.
Петров останал без одговор, што ја спречува РКЕ пресметки да направи веднаш, ако се има предвид дека природниот гас, кој е главен ресурс за загревање, поефтини за дури 17%.
Според принципот, корекција на цената на греењето се врши еднаш во текот на годината, но Законот дозовлува, корекции да се направат и вонредно, доколку се променат влените трошоци за 5%, што до сега се има случено.

Dnevnik