Овој аеродром опкружен со гигантски вулкани е еден од најстрашните во цел свет. Тоа е една од причините поради кои од 19 февруари ќе биде преместен на друга локација.
Прв пат кога бил отворен во 1960 година, бил опкружен со полиња пченка, но со растењето на главниот град, околината станала малку поуредна, но не и помалку опасна.
Четириесетгодишната Марија Давила која живеела уште од детството во близина на пистата, вели дека додека слетувале авионите се треселе сите прозори од нејзината куќа.
“Често замислував дека авионот ќе падне врз нашата куќа и целото мое семејство ќе загине“, вели таа.
Во шеесетите години на минатиот век, Кито имал 350 илјади жители, а сега тој број се искачил на 2,2 милиони.
Аеродромот досега имал 10 сериозни несреќи. Еден авион во сопственост на компанијата “Аека“, при полетувањето во 1984 година удрил во куќите што се наоѓале во близина на пистата и однел 49 животи.
По 14 години друг авион не успеал да полета и удрил во ѕидот на аеродромот, при што загинале 76 луѓе.
Повеќето од несреќите се предизвикани од лизгање од пистата.
Поради планините во близина на аеродромот, авионите мора под исклучително стрмен агол да и приоѓаат на пистата, во висина од 2.850 метри.
Новиот аеродром во Кито ќе биде 12 пати поголем од стариот, кој ќе биде преуреден во јавен парк.
Извор – Нетпрес