Од почетокот на зимата во главниот руски град, паднале повеќе од два метри снег, а стручњаците велат дека ова е најснежната зима во последните сто години, која ја парализира Москва.
Метеоролозите предвидуваат дека снег ќе продолжи да паѓа во следните 4-5 дена, што дополнително ќе ја влоши ситуацијата, пишува Russia Today. Од почетокот на оваа седмица, за чистење снег ангажирани се 45.000 комунални работници, бидејќи паднале нови 26 сантиметри снег.
Новиот слој снег стана ноќен кожмар за возачите, кои неретко мораа да ги оставаат автомобилите на улица.Оние кои имаа повеќе среќа со часови патуваа до дома, а бројот на сообраќајки е зголемен.
Не се поштедени ниту пешаците, за кои движењето, исто така, е отежнато, затоа што плочниците се завеани со снег.Ова не е прв пат Москва да се соочува со големи снегови зимава. Сlична ситуација имаше и во јануари.
Покрај сето тоа, во декември лани, забележани се најниски температури во последните 70 години во Москва, а температурата во поединечни делови на Русија паѓаше и до минус 50 степени.За работата да биде уште понеповолна, метеоролозите предвидуваат снег до крајот на месецот, но и во март, кој во Русија е вистински зимски месец
Makfax