Без струја делови од Центар, Аеродром, Кисела Вода, Сарај и Карпош


Без напојување со електрична енергија денес ќе останат делови од општините Центар, Аеродром, Кисела Вода, Сарај и Карпош, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

strujaВо периодот од 8 до 14 часот без струја ќе остане дел од улица 11 Октомври”, во околината на Стара Рампа. Без напојување со електрична енергија од 8 до 16 часот и 30 минути ќе остане дел од булеварот АСНОМ бр. 52, бр. 56 и бр. 58, а од 9 до 11 часот, корисниците од улиците Гаврил Радомир”, Митре Влаот”, Блажо Орландиќ”, Димитар Македонски” и Црноризец Храбар” во општината Аеродром.

Според соопштението на РЦУК, од 9:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од село Ласкарци во општина Сарај, додека од 10 до 12 часот улиците “Пандо Кљашев”, “Полог”, “Кара Трифун”, “Милан Мијалкович”, “Пеју Јаворич”, “Зеленгора”, “Караџица” и “Кочанска” во населбата Црниче во општина Кисела Вода.

Од 11:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улица Козле” од бр. 100 до бр. 140 во општина Карпош.

Прекините се заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија во тие реони.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1