Со закон ќе се забранува упад на туѓ Фејсбук профил


Светот е на чекор да донесе ново законодавство со кое на училиштата и на работодавците и законски ќе им биде забрането да им бараат било каква лозинка на учениците и на вработените. Досега ова беше морално и општествено неправилно, а одсега и законски.

20130207-so-zakon-se-zabranuva-upad-na-tugj-fejsbuk-profil-1Идејата за ваков закон во САД доаѓа како одговор за спречување на трендот кој се појави минатата година, работодавците и училишта да ги бараат лозинките од facebook и другите социјални мрежи од своите апликанти, ученици и вработени.  Мериленд и Калифорнија  се први земји во САД кои ја направија оваа пракса нелегална.

Барањето на ваквите личи податоци е еден вид на упад во приватноста на луѓето. Ставот дека ако не сакате нешто да биде јавно, едноставно не го ставајте на социјалните мрежи веќе нема оправдување.

Не можеме светот да го враќаме назад, мораме да одиме напред и овој закон е идеално решение. Верувале или не многу фирми во светот не само што пред да примат нов ученик или да вработат нов работник го проверуваат неговиот facebook профил туку одат дотаму што ја бараат и нивната лозинка, па во секое време да можат да проверат што се случува во животот на таа личност.

На овој начин профилот веќе не е само ваш и приватен туку тој е на вашите наставници и работодавци. Но досега никој неможеше да покрене тужба во врска со ова едноставно ако не го стори тоа што се бара од нега нема да ја добие работата и ли нема да биде примен во училиштето кое го сака.

Дефинитивно ваков закон за заштита на податоците му е потребен на светот.

 Факултети.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1