Одроната карпа тешка неколку тони, изутринава удри во куќата на 55-годишниот Идавер Шаќири од Тетово. Тешката карпа ја однела бетонската ограда и настрешницата и удрила во собата во која спиел неговиот син Насер Шаќири (32).
За среќа момчето поминало само со неколку гребнатини и модринки. Карпата само половина метар да отидеше по лево ќе ја срушеше целата куќа и ќе настрадаа и син ми и и мајка ми која исто беше во куќата. Ова е среќа во несреќа – изјави Идавер Шаќири за Дневник.
Куќата на семејството Шаќири се наоѓа веднаш под брдото Балтепе во месноста Стрмо над православните гробишта во Тетово.
Фото – Дневник