Речиси 200 најразлични производи содржат масти, ензими и останати продукти кои се создаваат во лабораториите по преработката на свинските нуспроизводи.
На етикетите на прехранбените производи ваквите нуспроизводи обично се наведени како мистериозни Е-броеви. Голем број од нив содржуваат емулгатори, односно засливање на вкусот и конзервансите на свинското месо.
Ова не е нешто ново, вели Стипхан Билиќ, експерт за прехранбената индустрија, но, проблем е тоа што голем број на луѓе не се запознаени со истото. Истражувањата покажале дека свинско и свински нуспродукти, се наоѓаат дури во некои гуми за џвакање, сокови и кекси.
Тие содржат емулгатор Е474, што значи дека тоа е свинска маст, или можеби сокови од мелени инсекти. Тоj емугатор се наоѓа во чипсот, смоките, млечните производи, сладоледот, пецивото… Јавноста била шокирана со фактот што хемоглобинот од свињите се користи и за филтрите во цигарите.
„Мислам дека тоа навреда за муслманите и вегетаријанците“, изјавил Симон Шапман од Универзитетот во Синдеј.