Шест лица се полесно повредени а околу 100 куќи се оштетени во силниот земјотрес со магнитуда од 6,9 степени по Рихтер кој во сабота попладнето ја погоди Колумбија.
И покрај моќноста на потресот, кој бил почувствуван и во стотици километри оддалечената еквадорска престолнина Кито, во кој зградите се лулале цели две минути, во Колумбија не е забележана поголема материјална штета. Целата инфраструктура останала неоштетена.
„пет возрасни и едно дете се полесно повредени. Засега имам информации дека се оштетени 124 домови”, изјавил Карлос Иван Маркез, шеф на националната служба за вонредни ситуации, пренесува Reuters.