Само еден потпис е доволен за животот да ви стане пекол и да враќате туѓи долгови. Илјадници граѓани во земјава минуваат низ голгота бидејќи станале жиранти на туѓ кредит, а сакале само да направат добро на некој. Граѓаните заглавиле со 83,5 милиони евра, што не можат да ги вратат.
Ниедна институција не располага со збирен податок за бројката на жиранти што враќаат туѓи заеми од банки. Секоја банка посебно си има своја статистика, но таа е за интерна употреба. Во банкарските кругови кружи бројка од илјадници заглавени граѓани
Граѓани за Дневник сведочат за својата голгота. Еден потпишал на пријателот, друга на јатрвата, трет на колега – сите тие враѓаат сега туѓи долгови.
И Балканот не е имун – Жирантска треска ги тресе речиси сите бивши југословенски републики. Според медиумите, на целиот Балкан бројката на жиранти што враќаат туѓи заеми од банки е над 200.000 граѓани. Во Босна и Херцеговина и во Црна Гора веќе има и здруженија на жиранти.
Извор – Дневник