Освета или правда? – Во Русија му судат на мртов човек (Видео)


Во зградата во Тверскоиот суд во Русија, започнал процес во кој на обвинителната клупа нема да седи никој. Првообвинетиот, сопственик на компаниајта Ермитаж капитал менаџмент групата, Вилијем Брауер, е во Велика Британја и одбива да се јави на судот. Второобвинетиот Сергеј Магнитски, не ни може да се појави пред судот, затоа што од 2009 година почива на Преображенските гробишта во Москва. magnitski_1361121975_420x0Во Русија никогаш досега не им се судело на покојни лица. Кога Магнитски починал во притвор, истрагата протв нега прво била прекината, а потоа во 2011 била повторно отворена.
Магнитски како правник во Ермитаж капитал, тврди дека открил како одредени службеници во даночната управа, судството и полицијата со измама и фалсификување на документите за сопственост, присвоиле пари преку повраток од данок, од три фирми кои веќе ги исполниле обврските од Ермитиж групацијата, односно тие чиновници нелегално ги земале повратите од данокот, кој не им припаѓал на нив, туку истиот не ни требало да се враќа. Со тоа му наштетиле на буџетот на Русија за 230 милиони долари.
Магнитски дал изјава на истражните органи за своите налози, по што набргу била отворена истрага против него, по што бил притворен под обвинение дека учествувал незаконски во враќањето на данокот на Ермитаж Капитал.
Во притвор Магнитски минал 11 месеци чекајќи да почне судењето. Според официјалните информации умрел од срцев удар.
Семејството, направената независна истрага и официјалната истражна комисија се произнесоа дека постои сомнеж дека во најмала рака на Магнитски не му била дадена прва помош на време, ниту пак потребна здраствена заштита.
Истрагата на неговата смрт завршила со ослободување на началникот на медицинското оделение на притворените – а ослободителната пресуда ја барал сегашниот обвинител

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1