Борбени авиони на американската авијација сретнале два мали авиони кои влегле во забранетиот простор за летови во близина на резиденцијата на претседателот Барак Обама во Флорида.
Во забранетиот простор најпрво влегол авион од типот Цесна 152, а неколку часа подоцна и авион од типот Ланчер 320, известува Си-Ен-Ен. Двата авиони ги пресретнали борбени ловци Ф-16, кои ги придружувале додека на ја напуштиле забранетата зона. Двата инциденти се под истрага.