Министерствата, јавните претпријатија и агенции НЕ СМЕАТ да ангажираат ПР агенции и да ги плаќаат од парите на граѓаните – ова стои во одлуката на Владата на Република Хрватска.
,, Правните и физички лица со јавно овластување и други правни субјекти чии основач е Република Хрватска, како и претпријатиј каде како мнозински акционер или целосен сопственик се јавува државата, не смеат да ангажираат на база на договор правни субјекти за односи со јавност и управување со комуникации”, стои во Одлуката во точка 1.
Од оваа одлука има отстапувања, односно со претходна согласност на Владата може да се ангажираат физички и правни лица за ПР, но само ако се работи за проекти кои се од поголем обем или имаат витално значење. На оваа одлука остро реагираа ПР агенциите во Хрватска, а здружението на комуникациски агенции HUKA одлуката ја оцени како скандалозна.
,, Бараме да се укине оваа одлука затоа што дискриминира цела една професија, ќе поднесеме и тужба до Уставниот Суд, а ќе бараме и реакција од делегацијата на Европската комисија,, се вели во нивното соопштение.
Одлуката е усвоена на вчерашната седница на Владата на Хрватска.