Судот му дал на обвинетиот екс Премиер Санадер месец дена одмор


Иво Санадер испратил барање до судот да му дозволи да го напушти Загреб на еден месец – да оди на одмор. Навел дека ќе оди во Сплит, Дубровник и на еден остров.

Санадер морал да бара дозвола затоа што од притвор е пуштен со кауција, но и со забрана за напуштање на местото на живеење.

Судиката Ивана Чалиќ пуштила срце и му дозволила на Санадер да си оди на одмор цел еден месец. Единствено го обврзала да престојува токму на адресите кои ги доставил во судот во сите места каде ќе оди.

Сепак Санадер на пола одмор ќе мора да се врати во Загреб за да се пријави во судот – мерка која исто така му е одредена да на секој прв понеделник во месецот мора да се појави во судот и да се пријави дека е тука.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1