„Бренд полиција“ ќе ги штити спонзорите на Олимписките игри?


Околу 300 “бренд полицијци“  наскоро ќе шетаат по улиците на Лондон за да ги заштитат правата на спонзорите на Олимписките игри меѓу кои се Мекдоналдс, Кока-Кола, Џенерал Електрик, Адидас, Dow Chemical, Procter & Gamble и други.
Специјалните “бренд полицајци” имаат право да влегуваат во продавници и канцелариите во близина на седиштето на Олимписките игри и да подигне тужби со казни и до 25.000 евра за “злоупотреба” на зборовите како “злато”, “сребрена”, “бронза”, “Лето “,” спонзори “,” Лондон “. Само 42 компании успеале да добијат дозвола со своите логоа да асоцираат на Олимписките игри во Лондон. Нивната листа може да се најде на овој линк

http://www.londonolympicsmarketing.com/p/official-sponsors.html?m=1

На баровите и пабовите биле предупредени дека на уличните табли на кои рекламираат пренос во живо не може да ги додаваат и брендовите на пиво или други пијалоци од производители кои не се опфатени од страна на маркетинг договорите за време на Олимпијадата.

На пример на таблата пред кафулето не смее да пишува на пример „Дојдете на скопско и Олимпијада“ доколку пијалокот не е во спонзорите.  На пример, на 40 места за 800 трговци забренето е да се служи помфрит за да се избегне повреда на правата на брза храна обезбедена од страна на McDonalds.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1