Истрагата за авионската несреќа во која загина поранешниот македонски претседател Борис Трајковски повторно ќе се отвора по предлог на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески до својот колега во Босна.
– Договорено е да се формира заедничка работна група составена од експерти од Република Македонија и Босна и Херцеговина, која до крајот на септември треба да изготви извештај, информира Министерството за транспорт и врски.
Предлогот бил прифатен од босанскиот министер за комуникации и сообраќај бидејќи како што истакнуваат од таму завршувањето на истрагата е од двостран интерес. Со затворање на ова поглавје ќе завршат и шпекулациите во врска со причините за несреќата.