Иако се наоѓа релативно близу, на околу 582.000 години, оваа планета сепак е многу мала за да може да биде уловена на телескоп, а случајно е откриена на основа на паѓањето на светлината од матичната ѕвезда црвен патник GJ 436, во движење.
Всушност, телата кои се наоѓаат помеѓу ѕвездите и нас, создаваат сенка која наликува на онаа кога мушички ќе застанат на автомобилските светла.
Во орбитата на истата ѕвезда се наоѓа и една планета со големина иста како на Нептун која е наречена GJ 436b а најверојатно и уште неколку помали, меѓу кои и UCF – 1.02.
Научниците во својот извештај напишале дека новооткриената планета има многу висока температура на површината па затоа и нема атмосфера. Пеколниот свет главно е мртов, а доколку некогаш имало вода до сега истата сигурно испарила. Истата може целата да е прекриена со магма.
Откривањето на UFC – 1.01 покажува дека во близина на нашиот систем, поблиску отколку што до сега мислевме, може да постојат и други планети слични на нашата.
– Се надевам дека идните истражувања ќе ги потврдат овие резултати кои ги покажа телескопот „Spicer“, кој може да пронајде планети со слична големина како Марс.
И по девет години поминати во вселената, „Spicer“ не води во нови важни научни откритија, изјавува Мајк Вернер, научник кој работи со телескопот.