Сирењето на Здравје Радово ги мамел купувачите – имал масла во себе кои ги нема на етикетата


Во редовната контрола спроведена од страна на Здружението за заштита на потрошувачите, во специјални лаборатории, во сирењето на Млекара Здравје Радово, било откриен висок процент на палмино и кокосово масло, масло од риба и растително масло, објави сајтот potrosac.info кој е сајт за информирање на потрошувачите во Србија. 

zdravje radovoНа етикетата на кравјото сирење е наведено како „екстра мрсното зрело меко сирење“, на отштампаната декларација, нема ниту еден од горенаведените масла.
Произведувачот ги измамил потрошувачите наведувајќи дека сирењето има пастеризирано кравјо млеко и јогурт, но не споменува кокосово ниту палмино, ниту рибјо масло, кое е пронајдено во лабораторијата при една испитување на квалитетот на ова сирење.
Според законите, обврската за наведување на состојките на производот на самата декларација е задолжителна за производителот и мора да ги содржи сите состојки кои самиот производ ги има.

По регулативите на ЕУ, ги обврзува производителите, да само оние производи кои не содржат други маснотии, освен млечните, да можат да ги наречат млечни масти. Доколку во приликата на испитувањето, како во овој случај, се утврди дека има и други маснотии во производот, ваквиот произвд не ги задоволува критериумите на млечните производи. Во испитувањето на сирењето, откриени се дури 77% од маснотии кои не припаѓаат на млечните масти.

Извор –  potrosac.info

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1