Научник од НАСА: Во штедливите светилки се одвива мини нуклеарна реакција


Многу е веројатно дека во штедливите светилки се случуваат безопасни ниско енергетски нуклеарни реакции. Ова е заклучок на истражувачи на НАСА, кои се во потрага по она што се случува со живата во овие светилки. Истражувачите откриле во штедливите светилки, уникатна комбинација на изотопи на жива, кои обично се добиваат во лабораториите.


sijalica„Живата заробена во искористената штедлива светилка, покажува невообичаено голема дистрибуција на различни изотопи на елеметни.

Овој модел е сосема поинаков од она што го имаме забележано во претходните студии, освен ако не се работи за намерно изотопско збогатување“, вели Форбс Луис Ларсен, еден од истражувачите кој ја постави оваа теорија за нуклеарната реакција на малата енергија (LERN), наречена Видом-Ларсен теорија.

Гледано низ призмата на ваквата теорија, за изотопите во живата, се укажува на тоа дека ваквата нуклеарната реакција може да се случи на екстремно ниско ниво во десетици милиони домаќинства ширум светот, за време на заштедата на енергијата.

„Вистинска зелена и сигурна нуклеарна енергија“

sijalica 2LENR тврди овој научник е составен дел од погонот на литиум батеријата која се користи кај мобилните телефони и кај многу други уреди во секојдневната употреба.
„Доколку отидеме со ваквото истражување чекор понапред, можеме да докажеме дека LENR е навистина зелена и безбедна нуклеарна енергија“, вели Ларсен.
Всушнот, нуклеарната енергија долго време се обидува да се извлече од материјалите кои се помалку штетни за човекот и животната средина, како што се ураниумот и плутониумот, кои емитуваат смртоносна радијација.

Затоа истражувањето се сврте кон ниско енергетските нуклеарни реакции на никел, бакар и водород.

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1