Норвешка обоена во црно. Навршува една година од бомбашкиот напад на владините згради во Осло и масовното убиство на островот Утоја. 77 лица на 22 јули 2011 година го загубија својот живот во нападот на екстремистот Андреас Брејвик.
Илјадници граѓани на Осло и бројни туристи беа дел од церемонијата за оддавање почит кон жртвите. Церемонијата започна со положување на свежо цвеќе пред владините згради, а продолжи во катедралата Домширке каде се одржа и литургија на која присуствуваа членовите на кралското семејство и премиерот Јенс Столтемберг. Во центарот на Осло, во тек е Меморијален концерт на кој учество земаат познати новршки уметници.
Судската пресуда за Андреас Брејвик се очекува на 24 август.
За mknews.mk од Осло – Норвешка
Славица Савеска