Фото: Храбро загинале штитејќи ги девојките од куршумите на „Џокерот“


Трагичен крај за вистинските МАЖИ. Jon Blunk, Matt McQuinn i Alex Teves загинаа храбро, штитејќи ги своте девојки од куршумите на „Џокерот“. Во петочниот масакр во киното загинаа 12 луѓе и 59 беа ранети. Меѓу нив и тројцата херои. Веднаш по првите истрели, тие се фрлиле врз своите девојки, штитејќи ги со своите тела од куршумите.

“Ме турна на земјата и се фрли врз мене. На почетокот не знаев што се случува. Кога помина хаосот сфатив, тој ми го спаси животот.“ –изјави девојката на Jon Blunk, Jansen Young. Слични изјави дали другите две девојки. Никогаш нема да ги прежалат своите сакани, засекогаш ќе бидат нивните херои.

Интересен е фактот дека во целиот тој хаос, „Џокерот“ можел многу лесно да се извлече. Сепак, концентрацијата кај полицајците не попуштила и тие забележале дека покрај стандардната опрема која ја ностат специјалците од SWAT единицата, психопатот носел и дополнителни елементи кои не се користат од страна на единицата, а токму тие го посочиле кај специјалците.

Шефот на единицата го пофали својот тим и изјави дека имале среќа да го препознаат, бидејќи владеел тотален хаос и сите биле во паника.

Вчера, полицијата влегла во неговиот стан и го пронашла неговиот компјутер, за кој се верува дека може многу да придонесе за откривањето на мотивите. Покрај компјутерот, пронајдени се и 30-тина „доамшни“ бомби и експлозивни направи како и хемиски супстанци кои биле поставени како стапица за федералните агенти. Се очекува комплетната анализа да биде завршена во најкус можен рок, деталите ќе бидат дополнително соопштени.

Ова се фотографите на жртвите од масакарот за време на премиерата на Бетмен

Tags: , , , , ,

Ристе Kaратановски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1