Пет начини како да ја победите љубомората


Љубомората не е привлечна но мораме да прифатиме дека сите ние повеќе или помалку сме љубоморни. Таа исто така не е ни љубов па според тоа ако сте љубоморни мора да научите како да се изборите против ова чувство.

Доколку сте во врска со љубоморна личност мора да знаете како да се однесувате за да не се претвори се во лошо и претерано заштитничко однесување.

Љубовните терапевти советуваат како на пет начини кај себе и партнерот да го сопрете „љубоморното чудовиште“ пред да биде прекасно.

1. Избројте до 10

Доколку сте љубоморни и се најдете во ситуација во која лесно можете да ја изгубите својата смиреност, вдишете и издишете и бројте до 10. Тоа е облик на медитација со која можеме да го намалиме стресот и потполно да се смириме.

2. Разговарајте за своите чувства

Чувството на љубомора треба да се изразува за да не премине во излив на бес. Без разлика дали се работи за вас или вашиот партнер, разговарајте за причините кои ја предизвикале љубомората. Можеби постои нешто што некој од вас го чувствува а не е за тоа свесен. Ако е така разговарајте за тоа и направете компромис. Но започнете со разговорот откако претходно ќе изброите до десет.

3. Победете ја несигурноста

Љубомората произлегува од несигурноста. Запрашајте се зошто се чувствувате загрозено. Зошто партнерот се чуствува загрозено ако е љубоморен? Дали можеби чувствувате дека не сте доволно вредни за нечија љубов? Се споредувате ли со други жени или мажи?

Побарајте одговор на овие прашања зошто чивствувате несигурност, а тоа би требало да го направи и вашиот партнер ако тој е љубоморен.

4. Обидете се да ја видите ситуацијата и од другата страна

Кога сме љубоморни, носиме избрзани заклучоци. Понекогаш дури и ги зголемуваме нештата. Многу пати чувството на љубомора може да настане и поради недостаток на доверба и мали лаги во минатото. Колку пати сте полуделе доколку партнерот не ви се јави на мобилен или го исклучил својот? Што ќе помислите? Веројатно во глава ќе напишете најцрно сценарио.

Но, наместо одма да го прогласите за неверник, можеби треба да размислите. Можеби не е во можност да се јави бидејќи работи…

5. Може ли да поднесете континуирано насилство?

Љубомората лесно може да се претвори во постојано контролирање. Довербата како да исчезнала во еден потег, како и вашата лична слобода. Љубомората и контролирањето лесно можат да преминат во насилство.

Ако сте во врска во која се чувствувате физички загрозени или се плашите да не направите некој погрешен чекор, подобро побарајте помош.

Share Button

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1