Во Албанија во последните 22 години убиени се 6.000 лица поради крвна одмазда, додека бројот на оние кои се затворени во своите домови и се заштитуваат да не бидат ликвидирани, изнесува 10.000, соопшти Народниот правобранител на Албанија, информира весникот „Шекули“.
Овие податоци се наоѓаат во Извештајот на правобранителот, во којшто ги има изнесено и своите погледи околу мерките кои треба да ги презема државата за да се спречи оваа појава.
Правобранителот наведува дека најголемиот број на убиствата поради крвна одмазда се извршени во Тирана каде што мигрирале голем број на семејства од повеќе делови на Албанија за време на транзицијата.
Во извештајот на оваа институција се наведува дека последните години има намалување на бројот на убиствата поради крвна одмазда, но сепак појавата е многу актуелна и бара решавање.
Макфакс