Пожарите се подметнати, зашто дежурни екипи до 10 часот утрово не забележале активен оган на теренот – изјави командирот на ТППЕ, Мијалче Крстев.
Повторно чад од пожар над градот Струмица. Гори на истото место каде што се запали во понеделникот.
Противпожарната служба два часа се на терен и го гасат повторно активираниот пожар. Надлежните смируваат дека не станува збор за голема површина и велат дека нема место за паника.
-Пожарите се подметнати, зашто дежурни екипи до 10 часот утрово не забележале активен оган на теренот – изјави командирот на ТППЕ, Мијалче Крстев.
На теренот може да стигне само човек, недостапно е за цистерни. По барањето на надлежните за интервенција од воздух со авиони поради тешкиот пристап, испратени се два авиона Ер Трактор за гаснење на пожарот. Тие почнаа со гасење на пожарот околу 14:30 часот.
Според Центарот за управување со кризи, пожарот е пријавен во 11.30 часот.
Поради вклученост на авионите во гаснењето на пожарот, се молат граѓаните на претпазливост и да не се приближуваат до местото на пожарот.
фото – Сречко Гунчев