Евн биле греота – во загуба биле – регулаторна ќе им помага СО ПОСКАПУВАЊЕ НА СТРУЈАТА !!!!!!!!!!


Регулаторната комисија за енергетика предлага цената на од 1 август да се зголеми за 9,83 отсто. 

Претседателот на Регулаторна, Димитар Петров вели ЕВН Македонија во моментов се соочува со сериозна неликвидност  и доцни во плаќањето на своите обврски, а причина за барањето за зголемувањето на цената е бидејќи ЕВН и ЕЛЕМ имале зголемување на нивните трошоци за повеќе од 5 отсто бидејќи во текот на зимата увезувале поскапа струја.

Од поскапувањето –  3,76 отсто ќе бидат за ЕЛЕМ, а останатите за ЕВН .

Според регулаторна ЕВН ги нема исплатено обврските кон ЕЛЕМ за мај, јуни и делумно за април од годинава. И затоа за да може таа редовно да и плаќа на ЕЛЕМ решение е да се удри повторно по џебот на граѓаните.

Сепак од ЕВН Македонија, рекле дека наплатата од граѓаните е 93 отсто,  но имало неплатени сметки од 7 отсто кои се во износ од околу 14 милиони евра и тоа било главната причина за недоволната ликвидност на компанијата.  ( а да си ги наплатат тие пари наместо нам сметките да ни ги поскпуваат??? )

На крајот од регулаторна не тешат – ова е сега, а после може до крајот на годинава да нема ново разгледување на цената – АКО –( СЕКОГАШ ИМА АКО) – повторно ЕЛЕМ И ЕВН не приложат зголемени трошоци за над 5 отсто, рече Петров.

И парното ќе ви преседне оваа зима – предлогот е од 1 август да се зголеми за 3,13 отсто за оние кои се на Топлификација, а 3,75 отсто за Топланата Скопје-Север.

До крајов на месецов ќе се донесе и правилникот според кој оние кои ќе се исклучат од парно пак ќе плаќаат 10 отсто од месечната цена, за греење во колективните згради.

Share Button

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1