Факултетот ја ослободи Марина од плаќање до крајот на школувањето – хуманоста на дело


Македонија се крена на нозе – хуманоста уште еднаш се покажа на дело. Во домот на Марина пристигнал мебел, храна и друга помош јавува телевизија Телма.

Од Министерството за образование и наука пак пристигнува веста дека тие ќе и доделат бесплатни книги за биохемија, а Деканатот на Биотехничкиот факултет – Битола до крајот на студиите ќе ја ослоби од плаќање школарина студентката Марина Подигачоска од прилепското село Долгаец.

Ректорот на Битолскиот универзитет Златко Жоглев ќе и додели и еднократна помош во износ од една просечна плата.

Вчера и Македонски железници објави дека и оделува бесплатeн годишен билет на храбрата Марина.

Share Button

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1