Нашиот репрезентативен капитен Перо Антиќ испрати порака преку Алфа до сите македонски поддржувачи дека е подготвен за Европското првенство во Словенија во септември.
Грците им приредија спектакуларен пречек на кошаркарите на Олимпијакос по пристигнувањето во Пиреја. Новата, втора титула континентален првак освоена во Лондон предизвика енормна радост на навивачите.
Во сета еуфорија што ја зафати Атина, а не го одмина и нашиот репрезентативен капитен Перо Антиќ, тој не заборави да испрати порака преку Алфа до сите македонски поддржувачи дека ќе ја предводи четвртата селекција од Литванија на Европското првенство во Словенија во септември.
Еве го интегрално разговорот на Антиќ за Алфа ТВ. – ЛИНК