ВИДЕО: Брисел осуди со затвор Македонка дека го киднапирала своето дете


На Македонката Ирена Петковиќ судот во Брисел во отсуство и пресудил дека го киднапирала сопственото дете, и поради тоа и одредил провизорна четиригодишна казна затвор и половина милион евра отштета која треба да ја плати на таткото, пораанешен функционер на ЕУ. Таа не ја видела пресудата, од судскиот процес кој бил воден без и да биде поканета.

-Фрапирачки е што судењето било водено во континуитет, а јас не бев информирана иако повеќе Белгија не го ни бара детето да го врати кај татко му. Судењето иако се водело и покрај знаењето на судот дека Хашката Апликација за автоматско враќање на детето кај таткото е одбиено од страна на Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија, вели мајката Ирена Петковиќ.

irena-petkovic1

Според неа, таткото досега не покажал никаква релана грижа за детето и одбивал секаква комуникација со неа.

На малолетната К.Ж. и е издадено државјанство од 2009 година со согласност на нејзиниот татко. Додека јурисдикцијата е добиена по 3 месеци од одбивањето на хашката апликација за враќање на детето и по престојот на истиот повеќе од една година во држава каде што е однесено.

-Заминувам за Брисел за да го решам статусот на моето дете за да живее слободен живот, со правна изрегулирана грижа од двата родители, вели Петковиќ.

Голготата за Ирена Петковиќ започна кога поред две години била малтретирана од нејзиниот поартнер, тогаш висок функционер на ЕУ. Судот никогаш не и го одзел старателството, само физичката грижа била пренесена на таткото оставајќи ја мајката да ја гледа еднаш неделно на 8 часа.

Првата судска пресуда е од мај 2010 година каде судот одредил девојчето да живее со мајката, а таткото требал да плаќа 10 проценти од неговата плата месечно. Таа вели дека имало и физичко насилство од таткото на девојчето, а десет дена после тоа стигнал повик за итно сослушување на двајцата родители, но судијата одредил дека мајката е фрагилна и девојчето било дадено токму на таткото кој извршил агресија пред малолетната ќерка.

Izvor – A1ON

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1