Ја убил сопругата и со нејзините пари си патувал околу светот (Фото)


Само една недела по венчавката, Англичанец ја убил својата нова сопруга,  ја зел нејзината заштеда и цело наследство и си отишол на пат околу светот. Никому не кажал дека е сам и дека жената не е со него.

starbakНа нејзините пријатели  Џејми Старбак две години им пишувал мејлови и пораки во име на сопругата и никој не знаел што всушност се случило. Телото на Деби никогаш не е пронајдено. Се претпоставува дека Џејми го распарчил и запалил во дворот на куќата.

Уапсен е кога нејзините роднини се посомневале дека нешто не е во ред, бидејќи Деби долго време не им се јавила. Иако добивале пораки дека ужива во патувањата, сепак своите сомнежи ги пријвиле во полиција. Тогаш е откриено дека нејзиниот пасош не е важечки и дека сите нејзини пари се префрлени на име на сопругот.

Тој патувал две и пол години и посетил 32 земји во светот, но за своето злосторство ќе добие казна затвор најмалку 30 години.

starbak2starbak1

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1