На граничниот премин Табановце албански државјанин кој на цариниците им рекол дека оди на гости кај неговата девојка поради невообичаено нервозно однесување, царинските службеници одлучиле да извршат детален преглед.
При претресот утврдиле дека во багажникот имал уредно поставена плинска боца која изгледала дека е полна со гас, но истовремено и резервоарот за бензин бил полн. Ова бил доволен мотив за да ја демонтираат плинската боца.
Откако го извадиле вентилот и го испуштиле гасот, цариниците утврдиле дека во внатрешноста на плинската боца имало уште една боца до која царинските службеници дошле со сечење со бонсек. Нејзината внатрешност била полна со марихуана со вкупна тежина од 16 кг.