Зак Галифианикис ја запознал Мими уште во 1994 година, а сега кога се прославил бил во можност да и помогне и да и даде дом. Актерот, кој е познат по своите улоги во разни комедии како „Мамурлак“, на премиерата на третото продолжение на филмот дошол со 87-годишната старица Мими.
Имено, тие се запознале во една пералница за алишта каде Мими им помагала на луѓето да ги здиплат облеките во замена за паричка. Мими тогаш била бездомник, а откако Зак дознал за тоа, а и сам се збогатил од снимање на филмови, одлучил да им помогне пред две години. Ја сместил во еднособен стан и и плаќа кирија и сметки.
Затоа што се добри пријатели, Зак на филмските премиери не носи манекенки, ниту актерки во подем, туки својата шармантна 87-годишна пријателка. Така Елизабет Mими Хаист со него беше на премиерата на филмовите „Мамурлак 2“, „Мамурлак 3“ и „The Campaign“.
Мими за поратлот TMZ раскажала како се запознале, но и открила некои пикантерии.
„Mу помагав со долната облека. Тој сам си ја переше. Бев со него на две премиери на филм“, рекла Мими.
Интересно е што Зак снимил и документарец за неа насловен „Queen Mimi“ кој наскоро ќе почне да се прикажува.
Видео: Мими ја раскажува својата приказна на TMZ