На интернет се појави видео од сигурносни камери од еден брод. На видеото може да се види како келнерот Милтон Браганца (33), обвинет за злоставување на 11-годишното девојче, влегува со неа во лифтот, каде ја допира по градите и се обидува насилно да ја бакне во уста. Инцидентот се случил на луксузниот дозниев крузер.
Притоа 33-годишниот Индиец, е обвинет дека го нападнал девојчето во Флорида, и тоа веднаш по тргнувањето на бродот.
Бидејќи локалната полиција во Флорида не била информирана тој останал на бродот до крајот на патувањето. Бахамите- биле последна дестинација на бродот. Па локалната полиција на Бахамите, веднаш реагирала.
Тој на полицијата и признал дека го допирал девојчето по градите. Нејасно е зошто бабата на девојчето одлучила да не покренат ништо против сторителот, а поради тој факт тој бил пуштен. Но сите беа шокирани откако оваа снимка излезе во јавност. По што полицијата од Флорида изјавила дека овој случај нема да го остават неказнет, и планираат да продолжат со постапката.